Пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации меѓу Португалија и Данска, капитенот на домашната селекција Кристијано Роналдо доби награда за влез во Гинисовата книга на рекорди.
Португалската ѕвезда доби признание за 132 победи во репрезентативната кариера, што е најмногу во историјата на фудбалот. Роналдо не го започна добро вечерашниот натпревар.
Тој во 6. минута од натпреварот имаше можност од пенал да го доведе својот тим во водство, но неговиот обид го прочита голманот Каспер Шмајхел. Роналдо на тој начин не успеа да ја надомести предноста што ја има Данска од првиот натпревар. Данците победија на домашен терен со резултат 1:0, а единствен стрелец тогаш беше Расмус Хојлунд. Вечерашниот натпревар е 217-ти за Роналдо за Португалија. За репрезентацијата постигна 135 гола.