Американскиот претседател Доналд Трамп не дал зелено светло за израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи / Фото: Википедија
Двата извори рекле дека високи американски функционери биле во постајана комуникација со официјални претставници на Израел во деновите откако Тел Авив го започна масовниот напад врз Иран со образложени дека сака да ја запре нуклеарната програма на Техеран..Според американските функционери, Израелците пријавиле дека имале можност да го убијат врховниот лидер на Иран, но Трамп ги убедил да се откажат од планот.
Тие не кажале дали американскиот претседател самиот ја пренел пораката, но навеле дека Трамп често комуницирал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Прашан за наводите на Ројтерс, израелскиот премиер денеска во интервју за телевизијата Фокс њуз рекол дека не сака да навлегува во тоа, бидејќи, како што навел, имало многу лажни извештаи за разговори што никогаш не се случиле.
„Но, можам да ви кажам, мислам дека го правиме она што треба и ќе го направиме она што треба. И мислам дека САД знаат што е добро за САД“, рекол Нетанјаху.Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп во објава на неговата социјална мрежа Трут соушл денеска напиша оти верува дека Израел и Иран наскоро ќе постигнат мировен договор, наведувајќи дека се во тек бројни повици и состаноци со цел да не се дозволи ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.