Франција планира во среда да одржи втор состанок за Украина и европската безбедносна ситуација, но овојпат ќе бидат поканети европските земји кои не беа присутни на претходниот состанок, како и членката на НАТО Канада, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори. Два извора, наводно, рекле дека на вториот состанок се поканети Норвешка, Канада, Чешка, Грција, Финска, Романија, Шведска, Белгија, како и трите балтички земји Литванија, Естонија и Латвија.
Изворите велат дека некои од земјите ќе учествуваат на состанокот преку видео повик. Првата средба беше организирана поради загриженоста на европските лидери за намерата на американскиот претседател Доналд Трамп лично да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да преговара за Украина, пренесува Танјуг. На состанокот, меѓу другите, присуствуваа и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Лидерите разговараа за дефинирање на заеднички одговор на позициите на новата американска администрација за Украина.