30.8 C
Скопје
13/06/2025 15:45
МАКТЕЛ

   

РСЕ: Влегува ли Македонија во игра за депортација на мигранти од САД?!

      

Македонската влада го прифатила барањето на Трамп за депортација на македонски државјани со нелегален престој во САД, но засега нема потврда дали е дел и од разговори за прифаќање лица од трети земји. Косово веќе потврди дека привремено ќе згрижи до 50 такви лица. Доколку и Северна Македонија се согласи на ваква сценарио, ќе мора да ги почитува човековите права и да им гарантира дека нема да бидат загрозени и во нивните матични земји кога ќе бидат вратени, посочуваат од „Млади правници“.

Владата на Северна Македонија одговорила потврдно на американските власти на нивното барање за прифаќање на македонски државјани што престојуваат нелегално во САД. Но, дали државата е во игра да биде транзит и привремено да прифати и мигранти кои во САД дошле од трети земји, како што е регионот на Латинска Америка?
Радио Слободна Европа (РСЕ) пишуваше за ваквите можности за дел од балканските земји, а Косово денеска и официјално потврди дека ќе прими односно ќе обезбеди привремена заштита за 50 лица од трети земји, во рамките на соработката со Соединетите Држави.

   

Доколку такво нешто би се случило и со Северна Македонија, која во моментов има згрижено минимален број мигранти, државата ќе треба да потпише договор и да преземе одговорности за да ги почитува човековите права, сметаат домашните експерти.На прашањата од РСЕ во однос на прифаќањето депортации на граѓани од американска страна, од македонската Влада одговорија потврдно за барањето на администрацијата на Трамп, но за македонски државјани.

„Веднаш по доаѓањето на администрацијата на претседателот Трамп, беше испратено барање за прифаќање на македонски државјани кои престојуваат нелегално на територијата на САД, доколку таквиот статус биде утврден. Имајќи предвид дека станува збор за македонски државјани, Владата го прифати барањето за нивен прием во случај на депортација по тој основ“, велат од Владата.
Северна Македонија во овој случај и нема некој избор. Како што нагласува Бојана Божиновска Силјановска – претседателка на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) кое долги години се занимава со прашања поврзани со миграцијата и азилот, државата е должна да ги прими своите државјани.

„Секој случај е индивидуален, но генерално во однос на депортација на македонски државјани од САД, тогаш лицата правата ги бараат таму (во САД) затоа што Македонија тука нема никаква врска односно државата секако е должна да го прими својот граѓанин на своја територија“, вели Божиновска Силјановска за РСЕ.
Што вели Владата, а што Стејт департментот за депортација на лица од трети земји?

Но, кога се во прашање евентуални депортации од САД на лица кои потекнуваат од трети земји, тогаш државата која привремено би ги згрижила би презела големи одговорности, велат од невладината организација.Од Владата не потврдуваат дека Северна Македонија е вклучена во вакви разговори со американските власти. На дополнителните прашања од РСЕ за привремено прифаќање мигранти од трети земји, кратко одговорија:

„Како Влада остануваме на веќе испратениот одговор, а се однесува на она што институциите официјално го имаат како информација“.
Ваквата можност за земји од регионот првично ја навести американски „Блумберг“ (Bloomberg) кој повикувајќи се на анонимни извори објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Србија да прифати мигранти кои САД планираат да ги депортираат. Станува збор за лица кои претежно се со потекло од Куба, Хаити, Никагарва и Венецуела.

Во одговорот даден на Радио Слободна Европа од Стејт департментот на 6 јуни, пак, не се коментираа директно тврдењата на „Блумберг“ (Bloomberg). Наместо тоа, оттаму наведоа дека земјите од балканскиот регион се вклучени во контакти како дел од поширока американска стратегија за депортација на странски државјани без регулиран правен статус.
„Американските партнери и регионалните лидери тесно соработуваат со нас за да се стави крај на кризата со нелегалната и масовна миграција“, нагласи Стејт департментот.

„Државата мора да ги почитува човековите прави на тие лица“
Со оглед на недоволните информации за евентуалните можности за депортации, од Здружението „Млади правници“ се резервирани во коментарите нагласувајќи дека сепак првично би требало да разграничи дали би станувало збор за мигранти или бегалци кои бегаат од прогон, како и да се видат договорите што, пред сè, би се постигнале.

Тие договори би биле билатерални и во нив би се дефинирале условите, постапката итн.
Но, како што нагласува Божиновска Силјановска, во хипотетичко сценарио на прифаќање депортации, Северна Македонија има и свои закони и е потписник на конвенции, што значи дека „при евентуален прием на мигранти со цел САД или Европа да се ослободат од пренатрупаност, државата треба да ги испочитува човековите права на тие луѓе“.

„Државата треба да ја испочитува постапката и понатаму да преземе одговорности во насока на понатамошна легална депортација на тие лице во трета или во матичната земја притоа гарантирајќи им дека нивните човекови права, пред сè, правото на живот ќе бидат испочитувани“, вели претседателката на здружението, Божиновска Силјановска.

Косово потврди, Црна Гора негира
Еден ден откако привремената влада на Косово за РСЕ потврди дека изразила подготвеност да соработува со Соединетите Држави во врска со прифаќањето и привременото сместување на државјани од трети земји во Косово, „во согласност со утврдените услови“, за информацијата се огласи и привремениот премиер Албин Курти.

Тој изјави дека престојот на до 50 лица во земјата, кои подоцна ќе се вратат во своите матични земји, ќе го управува и координира Министерството за внатрешни работи. На мрежата Икс (X) Курти напиша дека по донесувањето на оваа одлука косовските власти ќе работат „во тесна соработка со надлежните американски власти во текот на целиот процес“.
Од косовската влада, исто така, посочија дека за време на престојот во Косово „лицата ќе постапуваат во согласност со важечкото законодавство и ќе ги уживаат правата утврдени со важечките закони“.

Црна Гора, пак, негира дека водела вакви дипломатски разговори. Од црногорското Министерство за надворешни работи за тамошните медиуми изјавија дека досега немале комуникација со САД за тоа прашање.Што би значеле депортации на Балканот?По објавата на американски „Блумберг“ за барањето на САД до Србија, како и изјавата за РСЕ од Стејт департментот дека балканските земји се вклучени во контакти како дел од пошироката американска стратегија за депортација на странци, дел од експертите коментираа дека ваквите сценарија немаат логика.

„Такво нешто нема логика, особено ако се земе предвид географската оддалеченост“, изјави за РСЕ, Никола Ковачевиќ, правник специјализиран за прашања поврзани со азил и миграција.
Во евентуалната одлука за испраќање мигранти во земји илјадници километри далеку од сè што им е познато, “постои и елемент на театралност, како и желба на американската администрација да ѝ покаже на својата база поддржувачи дека има цврст став по прашањето на миграцијата“, изјави за РСЕ, Мајкл Бохенек (Michael Bochenek), виш советник во организацијата Human Rights Watch (HRW).
Извор: РСЕ

   

Најново

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании?

Sase Ivanovski

Џамбаски повторно бара вето: „Срам и предавство“ е што бугарската Влада не го санкционира тоа што се случува во Македонија

Sase Ivanovski

Силјановска Николиќ: Вишиот управен суд потврди картел на веледрогериите АД Д-р Пановски и Фарма Трејд, следува институционална координација

Sase Ivanovski

Дозволиле активирање на пиротехниката“, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Sase Ivanovski

За фалсификатот лиценци за „Пулс“, државен службеник побарал и зел 226.000 денари од сопственикот

Sase Ivanovski

Беким Незири и Дритон Кучи се министрите за кои е запрена постапката за Кочани

Sase Ivanovski

(ИНТЕГРАЛНО) Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност

Sase Ivanovski

Герасимовски: Граѓаните со големи пофалби за новоизградената градинка Пролет

Sase Ivanovski

Кина ги предупреди своите граѓани во Иран и Израел за потенцијални напади

Sase Ivanovski

Херцог повторно со религиска реторика ги правда нападите: Израел има исконско право и света должност да се брани

Sase Ivanovski

Муцунски: Нашиот пат кон ЕУ треба да стане предвидлив, не смееме да дозволиме да бидеме понижени

Sase Ivanovski

Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Sase Ivanovski

Муцунски и Сијатро потпишаа Договор за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија

Sase Ivanovski

Меџити: Блокирани вкупно 226 страници за онлајн коцкање

Sase Ivanovski

Ќе се обновуваат дел од сервисните улици на булевар Јане Сандански

Sase Ivanovski

УЈП: Угостители, трговци и вршители на дејност да го регистрираат готовинскиот промет и да издаваат фискални сметки

Sase Ivanovski

Две трансплатации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Sase Ivanovski

Пијан радовишанец со мопед удрил во деветгодишно девојче

Sase Ivanovski

Ваучерите за образование на возрасни се успешна алатка за зголемување на конкурентноста

Sase Ivanovski

Почнува уписот во средните училишта – од утре прво електронско пријавување во јуни

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки и кривична одговорност од Јанев и Тошковски за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Исчезнат е штипјанецот Владимир, семејството со апел до граѓаните за каква било информација

Sase Ivanovski

Пазарџиите немаат дерман од „лепливите прсти“ на муштериите, бадем и маслинка за проба, овошка в џеб и отиде дневниот пазар

Sase Ivanovski

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Македонија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, обновени 24,4 километри Законот за Судски совет во собраниска процедура до крајот на овој месец Ќе застане на сцената во Грузија: Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на детската Евровизија Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена. Во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу двете влади, Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за соработка во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028. Меморандумот, како што соопштија од МНР, ќе биде потпишан од министерот Петер Сијарто и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Sase Ivanovski

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Британскиот кредит и инфлацијата: Владата ветила 139 мерки за подобар живот – реализирала 18

Sase Ivanovski

СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

Sase Ivanovski

Пентагон подготвен за евентуална инвазија на Гренланд, потврди Хегсет во Конгресот

Sase Ivanovski

Автократскиот популизам

Sase Ivanovski

Грузиски активист осуден на четири и пол години затвор по учество во проевропски протест

Sase Ivanovski

Мицковски – На Сиљановска и е редот да оди во Хаг,јас бев во Вашингтон. Бугарија прави егзибиции наместо Радев го праќа Жељазков и средбата „виси“

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава која ја поднесовме против Мицкоски

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во Хаг би се сретнала и со Желјазков ако има таква подготвеност од негова страна, велат од нејзиниот кабинет

Sase Ivanovski

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Sase Ivanovski

Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови

Sase Ivanovski

Рубио: Немаме никаква врска со нападот, Израел презеде еднострани дејствија

Sase Ivanovski

Еве кои се досега осомничени за трагедијата во Кочани – Што ќе соопшти денес Коцевски?!

Sase Ivanovski

„Не знам како сум жив“ – шокантна исповед на единствениот патник кој ја преживеа несреќата на Боингот 787 во Индија

Sase Ivanovski

Осудениот Љупчо Ѓоргиевски: Со гордост ја носиме „дипломата“ дека сме ванчомихајловисти

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност

Sase Ivanovski

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од било какви патувања кон Израел и Иран

Sase Ivanovski

Израел изврши напади врз Иран – хронологија на војната

Sase Ivanovski

Полицаец возел пијан, пресекол полна линија и се заканувал на возач, заработи кривична пријава

Sase Ivanovski

МВР: Бројот 192 не е во функција поради технички причини

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Sase Ivanovski

Писториус: Германија нема да и испорача на Украина ракети Таурус

Sase Ivanovski

Вучиќ им рече на блокадерите: Побрзајте со радикализацијата, па да видиме до каде ќе стигнете

Sase Ivanovski

Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид – Св. Наум, најави Владата

Sase Ivanovski

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Sase Ivanovski

Израел го нападна Иран – цел на нападот се нуклеарни постојки, погодени се и цивилни објекти

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полициски службеник за безобѕирно управување со моторно возило

Sase Ivanovski

Автократскиот популизам

Sase Ivanovski

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Sase Ivanovski

СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

Sase Ivanovski

Акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, во Кочани уапсени 13 лица

Sase Ivanovski

„Рајанер“ воведува строги казни за нељубезните патници

Sase Ivanovski

Некој фрлил камен од надвозникот на скопската обиколница кај Стајковци, возач од Косово е повреден

Sase Ivanovski

Огромно мнозинство држави во ООН со громогласен аплауз усвоија повик за итен прекин на огнот во Газа, Македонија воздржана

Sase Ivanovski

Инцидент меѓу цимери од Турција во Скопје – се степале, едниот извадил нож и го ограбил другиот

Sase Ivanovski

Уште летово сите службени автомобили ќе бидат обележани, вели Томовски

Sase Ivanovski

Тинејџер излетал од пат со мопед во Гостиварско, повреден е и сопатникот

Sase Ivanovski

Ангел Димитров по седницата на Историската комисија: Атмосферата беше најдобра на ручекот

Sase Ivanovski

ГРОМ БАРА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ И ОСТАВКА ОД ВЛАДАТА НА ЧЕЛО СО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Sase Ivanovski

„Д-р Пановски“ досега не примил пресуда од Управниот суд, ниту од други надлежни институции

Sase Ivanovski

ФАРМА ТРЕЈД: Цените што се понудуваат во рамки на јавните набавки не се слободна комерцијална одлука, туку се строго регулирани

Sase Ivanovski

Напаѓачот во Грац го испланирал масакрот „до најмал детал“

Sase Ivanovski

Ќе се реконструира кочанската физикална, пациентите од „Пулс“ ќе се лекуваат во координација со штипската болница

Sase Ivanovski

Не помина предлогот на ЛДП за една изборна единица – ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓа во регионот

Sase Ivanovski

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Мега проектот за Стаклара – Каменик конечно станува реалност – после половина век мојот народ добива чиста вода за пиење!

Sase Ivanovski

Насилник од Тетово му се заканувал на наставник и кршел во училиште

Sase Ivanovski

Македонија ja доби Молдавија и дојде на чекор од Втората дивизија во Дејвис купот

Sase Ivanovski

Полицијата е недостапна на 192

Sase Ivanovski

Полицаец од Зелениково ќе одговара, пијан дивеел низ Кисела Вода

Sase Ivanovski

Епископот Партениј му честиташе на Георгиј на изборот за митрополит

Sase Ivanovski
Вчитувам....