Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје, добил информации за „многубројни закани од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“, пренесува Радио-телевизија на Косово (РТК) и додава дека „има информации за обид за атентат врз Курти“.
„Кога дојдов во Скопје, не се чувствував загрозен, но видов дека имаше многу полициски сили кои беа загрижени за состанокот што го одржавме, каде специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларс Клингбејл“, рече Курти, а пренесува овој медиум.
РТК пишува дека „сигурни извори од безбедносните институции на Косово“ им соопштиле дека веднаш по седницата на Советот за безбедност на ОН добиле информација дека „Србија се обидува да го убие Курти во Скопје“.
Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија реагираше на информациите за наводна закана за косовскиот премиер Албин Курти за време на неговиот престој во Скопје, наведувајќи дека немало обиди за убиство, јавува Косово онлајн.Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за Телеграф вели дека немало обид за убиство на Курти.Тој изјавил дека полициското обезбедување на Курти било утврдено според правила и протоколи.
– Ве информираме дека при посетата на косовскиот премиер Аљбин Курти на Скопје немало обиди за негово убиство. Што се однесува до безбедноста при посетата на премиерот Курти, таа беше организирана според однапред одредени правила и безбедносни проценки – изјавил Ангеловски, пренесува Данас.Курти за новинарите по враќањето од Скопје изјави дека таму се чувствува безбедно и покрај заканите „од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“.