Американскиот државен секретар Марко Рубио му го честиташе на рускиот народ Денот на Русија и ја потврди посветеноста на Соединетите Американски Држави на соработката со Москва.
„Во име на американскиот народ, сакам да му го честитам на рускиот народ Денот на Русија. Соединетите Американски Држави остануваат посветени на поддршката на рускиот народ додека тие продолжуваат да ги градат своите аспирации за посветла иднина. Исто така, ја користиме оваа можност да ја потврдиме желбата на Соединетите Американски Држави за конструктивна соработка со Руската Федерација со цел да се постигне траен мир меѓу Русија и Украина“, се вели во честитката на американскиот државен секретар, објави Стејт департментот.
Рубио изрази надеж дека мирот ќе промовира „заемно корисни“ односи меѓу двете земји.