Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека не разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски по скандалозната средба во Овалната соба на Белата куќа за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во петокот. Рубио ова го изјави во интервју за Еј-Би-Си Њуз. Да потсетиме, посетата на Зеленски на Белата куќа заврши порано од планираното по жестоката размена со Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс. Состанокот стана тензичен откако Венс му рече на Зеленски: „Мислам дека е грубо од твојата страна да дојдеш во Овалната соба и да се обидеш да разговараш за ова пред американските медиуми“.
Додека Зеленски се обидуваше да одговори, Трамп го крена гласот и рече: „Вие се коцкате со Третата светска војна и тоа што го правите покажува непочитување кон оваа земја, земја која ве поддржува многу повеќе отколку што многу луѓе мислат дека треба“. Бранејќи се себеси и Украина, Зеленски отворено го предизвика Трамп за неговиот помек пристап кон Владимир Путин.