Американскиот претседател Доналд Трамп сака што поскоро да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио, кој додаде дека сега се работи на утврдување на можното место и датум на состанокот. Претседателот Трамп веќе јавно го презентираше тој предлог за состанок. Мора да се работи на организирање на таков состанок. Затоа не можам да кажам што точно е планирано во овој момент кога станува збор за избор на место и датум, но претседателот сака тоа да се направи што е можно поскоро. Мислам дека и руската страна изрази подготвеност за тоа. Па сега се работи на собирање на сите и утврдување каде и кога ќе се одржи тој состанок и за што ќе станува збор, рече Рубио во интервју за Си-Би-Ес.
Во пресрет на средбата со претставникот на папата за Украина, кардиналот Матео Купи, тој рече дека средба за Украина во Ватикан би била соодветна за двете страни во конфликтот. Не би го нарекол Ватикан медијатор, но тоа е навистина место каде што е погодно за двете страни да дојдат. Затоа сме благодарни за нивните напори во текот на годините, не само кога станува збор за медијација со цел постигнување мир, туку и за размена на затвореници, рече Рубио. Секретарот на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин, во петокот изјави дека папата Лав XIV има намера да го предложи Ватикан како платформа за директни преговори меѓу Русија и Украина. Претходно денес, Трамп објави н дека во понеделник има намера да разговара по телефон со рускиот лидер. Во меѓувреме, потврда стигна и од Кремљ. Во петокот во Истанбул се одржаа директни преговори меѓу Русија и Украина, на кои беше договорена размена на затвореници, како и двете страни да ги презентираат своите ставови за потребните услови за прекин на огнот..