Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на средбата со претседателот на Европскиот совет на ЕУ, Антонио Кошта, во рамки на Минхенската безбедносна конференција рекол дека Бугарија не прифаќа измени на договорите со Северна Македонија.
Според зборовите на Румен Радев, наведената амбиција на земјите од Западен Балкан за влез во ЕУ е можност за проширување на просторот врз основа на принципите на демократијата и владеењето на правото и со тоа ќе се зајакне стабилноста на нашиот регион. Во таа насока, Радев изразил надеж дека Република Северна Македонија ќе го направи тоа. – Македонија да започне со вистинска имплементација на Европскиот консензус од 2022 година. Бугарија не наметнува нови барања во однос на европската перспектива на РСМ, но и не прифаќа промени во постигнатите договори, вградени во преговарачката рамка, рекол бугарскиот претседател на средбата.