Русија реагираше на денешните протести во САД против американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека истите механизми за дестабилизација што Западот со години ги користеше во странство сега се користат и против американската влада.
Кога протестите се толку прецизно организирани, не може човек да не се запраша – дали механизмите што длабоката држава со години ги користеше за дестабилизација на другите земји сега се насочени кон сопственото општество? – со тие зборови Кирил Дмитриев, директорот на рускиот фонд за директни инвестиции, ја сумираше суштината на се погласните сомнежи кои ги следат протестите во САД во последните денови.
Во Чикаго, Сан Франциско, Њујорк и во други градови, илјадници луѓе излегоа на улиците со транспаренти, меѓу кои се истакна оној со натпис: „Илон нема да одлучува за мојата иднина“, алудирајќи на политичкиот подем на Илон Маск како нов шеф на владиното тело ДОГА, задолжено за „државна ефикасност“. Покрај тоа, беа најавен о беше и кратење на буџетот за здравството, за еколошките програми и за националните паркови – сето тоа заедно разбуди масовно незадоволство кое повеќе не е ограничено на социјалните мрежи.
Лидерот на фракцијата на Европската народна партија во Европскиот парламент, Манфред Вебер, набрзо проговори за сè, велејќи дека „повеќе не е можно враќање во старата Америка“ и дека светот се движи кон нов поредок во кој трансатлантските односи веќе не се засноваат на партнерство, туку на ривалство. Во европските медиуми има се повеќе гласови кои стравуваат дека ваквата американска реторика може да ги продлабочи веќе постоечките поделби не само во САД, туку и на Западот. Се менува и атмосферата на протестите. Луѓето веќе не викаат – шепотат. Ставовите се претпазливи, пораките умерени, но децидни. Еден демонстрант во Сан Франциско го сумираше сето тоа во една реченица:
Ова изгледа како судир меѓу две Америки. Едната која сè уште му верува на Трамп и другата која повеќе не верува никому.