Володимир Зеленски претседател на Украина, рече дека Русија ноќеска извела повеќе од 400 напади со дрон и 40 напади со ракети врз Украина, повикувајќи ги сојузниците да извршат притисок врз Кремљ за крај на војната. Четири лица загинаа вклучително и работници од брзата помош во Киев.
Ако некој не создаде притисок и ако дозволи на војната да одземе уште животи, тие се соучесници и одговорни. Мора да реагираме одлучно, напиша Зеленски на социјалните мрежи.Ракетните напади предизвикаа пожари во резидентни области на Киев, а погоден беше и воз па се затвори за работа метрото.Ова е еден од најголемите координирани напади во последните 3 години од војната. Над 50 лица во Украина се повредени.