Руската армија денеска соопшти дека првпат по повеќе од три години војна започнала офанзива во украинската Днепропетровска област, која граничи со Донецк.
„Единиците на 90. оклопна дивизија стигнаа до западната граница на Донецката Народна Република и ја продолжуваат офанзивата во Днепропетровска област“, соопшти руската војска на Телеграм, користејќи го терминот што Москва го употребува за анектираниот регион.
Москва тврди и дека го зазела селото Зарје во Донецк.
Овој пробив се смета за симболичен, но и стратешки удар врз украинската одбрана, која се соочува со сериозен недостиг на војници и оружје.
Пред руската инвазија во февруари 2022 година, во Днепропетровска живееле околу три милиони луѓе, од кои еден милион во главниот град Днипро – редовна цел на руски ракетни и дрон-напади.Многу бегалци од Донецк и Луганск се населија токму таму по првичните борби.
Ова напредување би можело да има влијание и врз тековните дипломатски обиди за решение, во кои Вашингтон игра клучна улога.