Началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов вчера му кажа на претседателот Владимир Путин дека неговите сили заробиле 430 украински војници за време на неодамнешното напредување во пограничниот регион Курск на Русија. Командантот на украинската армија Олександр Сирски денеска изјави дека неговите сили се повлекуваат на други позиции во руската област Курск, каде што руските сили тврдат дека брзо зазеле делови од областа во последните денови. Олександр Сирски денеска изјави дека неговите сили се повлекуваат на други позиции во руската област Курск, каде што руските сили велат дека брзо зазеле делови од областа во последните денови.
„Во најтешката ситуација мојот приоритет беше и останува да ги спасам животите на украинските војници. За таа цел, единиците на одбранбените сили, доколку е потребно, се префрлаат на поповолни позиции“, рече тој на Фејсбук, користејќи фраза што вообичаено ја користат и руската и украинската страна за да укаже на повлекување. Рускиот претседател Владимир Путин вчера и нареди на својата армија „целосно да го ослободи“ рускиот регион Курск, каде што неговите сили напредуваа брзо против украинските во последните денови, објави локалната телевизија. Инаку вчерашната посета на Путин на регионот Курск е прва откако украинските сили започнаа ненадејна офанзива таму во август 2024 година. Украинските сили окупираа неколку стотици квадратни километри од областа, додека руските сили се обидуваа да ги протераат од областа во последните месеци.