Рускиот претседател Владимир Путин изјави во јуни 2022 година дека Русија „нема ништо против“ тоа. Кремљ, исто така, во февруари оваа година изјави дека приклучувањето кон европскиот блок е суверено право на Украина.„Брисел сега е вистинскиот непријател на Русија“
Сепак, Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, истакнува дека ЕУ се претворила од економски блок посветен на спречување на војна во „политизирана антируска организација која постепено прераснува во воен блок“. „Брисел сега е вистинскиот непријател на Русија. Во својата сегашна, искривена форма, ЕУ не е помалку закана за нас од НАТО“, напиша Медведев на Телеграм.
Затоа, истакнува Медведев, сега е погрешно да се каже дека Украина може „слободно да се приклучи кон кого сака“ освен НАТО. „ЕУ, натоварена со оружје е директна закана за Русија. И токму така треба да се третира. Барем додека не го промени својот пристап кон нас. Значи, таканаречената идеја за Украина во Европската Унија е закана за нашата земја“, смета Медведев.
Тој потсети дека пред 15 до 20 години, Русија немала сериозни забелешки на плановите на Киев да се приклучи кон ЕУ во тоа време, наведувајќи дека шансите Украина да се приклучи кон Унијата биле минимални тогаш и дека Москва го гледала тоа како прашање на економски избор.
„Денес, старата Европска Унија повеќе не постои, сега е политички мотивирана глобалистичка организација со отворени русофобни ставови“, рече Медведев.Украина аплицираше за членство во ЕУ на почетокот на војната во 2022 година. Минатата година доби статус на кандидат. Сепак, Медведев смета дека билатералната соработка меѓу Москва и некои членки на ЕУ треба да продолжи, без да прецизира за кои земји мисли.