Русија се соочува со „невидено“ ниво на кибернапади од Киев, но успешно ги одбива, изјави заменик-министерот за надворешни работи на земјата, Сергеј Вершинин.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин во ОН/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE
„Русија е единствената земја што се соочи со невиден број кибернапади врз националната информациска инфраструктура, особено од Киев“, рече Вершинин, говорејќи на тркалезна маса во рамките на XIII Меѓународен состанок на високи претставници задолжени за безбедносни прашања“, објави Риа новости.
Тој додаде дека Русија успеала да обезбеди заштита на ваквите објекти и да продолжи успешно да одбива вакви саботажи, користејќи информатичко-комуникациска технологија.