Повеќе од 3.300 платеници од повеќе од 70 земји се борат на страната на Украина, тврди шефот на рускиот Истражен комитет, Александар Бастрикин. Руските власти отвориле постапка против 871 платеник за учество во вооружениот конфликт против Русија.
Бастрикин рече дека истрагата открила оти над 3.300 платеници од повеќе од 70 земји учествувале на страната на Украина во вооружениот конфликт, кој дојде по инвазијата на Русија, чиишто власти и натаму ја нарекуваат војната „специјална операција“. На 27 март беше објавено дека судот во отцепената и меѓународно непризната „Народна Република Доњецк“ во отсуство го осудил 28-годишниот британски платеник Фрејзер Овен Гуд на 14 години затвор.