Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири ракети со долг дострел ATACMS испратени во Украина од САД и лансирани од Киев врз полуостровот Крим, соопшти утрово руското Министерство за одбрана. Сè уште не се познати обемот и влијанието на нападот на Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.
Киев сè уште јавно не ги коментира тврдењата на Русија. Инаку Украинците го искористија американскиот ракетен систем ATACMS за да погодат центар за обука на руската армија. На снимката објавена на интернет се гледа како четири проектили успешно погодуваат во близина на градот Можњакивка, пренесуваат светските медиуми.