Меѓу починатите има и едно петгодишно дете а 10 други лица се повредени. Најмалку седум лица загинаа откако Русија лансираше низа беспилотни летала низ Украина во текот на ноќта, пишува Асошиејтед Прес. Нападот на главниот град на Украина се случи пред преговорите за прекин на огнот во Саудиска Арабија, во кои Украина и Русија се очекува да одржат индиректни разговори со посредство на САД во понеделник за да разговараат за пауза во нападите. Русија лансираше 147 беспилотни летала низ Украина, соопшти украинското воздухопловство.
Украинската противвоздушна одбрана собори 97, а други 25 не стигнаа до целта поради украинските контрамерки. Нападите ги погодија регионите Харков, Суми, Чернихив, Одеса и Доњецк, како и главниот град Киев. Меѓу починатите има и едно петгодишно дете а 10 други лица се повредени, соопшти градската воена управа. Руски беспилотни летала и остатоци од соборените беспилотни летала, кои летале на помали височини за да ја избегнат противвоздушната одбрана, паднале врз станбени згради. Извор: Новинска агенција МЕТА