Руската страна ќе биде подготвена да ѝ презентира на Украина нацрт-договор за прекин на огнот штом ќе заврши размената на воени заробеници во форматот „илјада за илјада“, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
-Ја завршуваме подготвителната работа за составување список за размена на воени заробеници по принципот илјада за илјада – додаде Лавров. Лавров оцени дека на европските лидери ќе им биде тешко да избегнат одговорност за поттикнување на украинската криза, пренесува ТАСС.
-Секако, тука постои европска одговорност. Мислам дека кога ќе ги разгледаме последиците од овој конфликт, ќе биде тешко да се избегне одговорноста – рече тој. Во исто време, шефот на руското Министерство за надворешни работи нагласи дека од јавните изјави на европските лидери е јасно дека тие имаат намера да продолжат да му обезбедуваат оружје на Киев, без оглед на предупредувањата од Москва дека е потребно да се елиминира коренот на проблемот што го предизвика конфликтот.