Руската Федерална служба за безбедност објави дека спречила саботажа на дел од железницата во Приморје, на Далечниот Исток, објави денес РИА Новости. Како што е наведено, двајца млади мажи беа приведени поради обид за палење релејни ормари, по наредба од Украина.
„Руската Федерална служба за безбедност за Приморскиот крај спречи саботажа на дел од Далечниот Исток“, се наведува во соопштението.