Директорот на руската надворешна разузнавачка служба (СВР) Сергеј Наришкин и директорот на ЦИА Џон Ретклиф имале телефонски разговор и се договориле да одржуваат редовни контакти, соопшти прес-службата на СВР. Телефонски разговор меѓу директорот на руската служба за надворешно разузнавање Наришкин и шефот на американската ЦИА Ретклиф се одржа на 11 март 2025 година, наведуваат агенциите.
„За време на разговорот се разговарало за прашања за интеракција меѓу двете разузнавачки служби во области од заеднички интерес и за решавање на кризни ситуации“, се вели во соопштението, пренесе Интерфакс.
„За време на разговорите „постигнат е договор за одржување редовни контакти меѓу директорите на СВР и ЦИА со цел да се помогне во обезбедувањето меѓународна стабилност и безбедност, како и да се намали конфронтацијата во односите меѓу Москва и Вашингтон“, се вели во соопштението, пренесе Танјуг.