Руските вооружени сили продолжија со операциите откако на 21 април на полноќ истече примирјето, кое беше во сила од 19 април, соопшти руското Министерство за одбрана. Според соопштението на Министерството, велигденското примирје, кое го прогласи претседателот Владимир Путин, е завршено во предвидената временска рамка, пренесе РИА Новости.
„По завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат да ја спроведуваат специјалната воена операција“, се наведува во извештајот на Министерството.