Руски хакери ги нападнале веб-страниците на косовски институции, изјави министерот за одбрана на северниот сосед, Ејуп Македончи.„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“ – изјави Македончи. Во текстот на руските хакери се споменува говорот на косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го токму министерот Македончи.Министерката за надворешни работи и дијаспора – Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.