Припадници на руската армија го уништија украинскиот систем за фрлање повеќецевни ракети ХИМАРС, кој беше користен за нападот врз Рилск во Курската област, со нападот на мобилниот балистички ракетен систем „Искандер-М“, соопшти денес руското Министерство за одбрана.
„Војници од извидувачката единица на Групата Север ја открија локацијата на ракетниот систем ХИМАРС на милитантите на Вооружените сили на Украина, во реонот на населбата Нагорновка во Сумиската област. Извидувачкиот дрон го сними лансирањето ракети од ракетниот систем ХИМАРС кон градот Рилск во Курската област“, се вели во соопштението што го пренесе агенцијата РИА Новости. Се додава дека, веднаш по видувањето, екипажот на оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“ започна ракетен напад врз фрлачот на повеќецевниот ракетен систем ХИМАРС.