Колку е само смешно да се слушаат овие денови русофилите како се пењават фатени во длабок офсајд на темата ВОЕНА АГРЕСИЈА НА СОСЕДНА ДРЖАВА… Вриштат и пиштат дека Израел го нападнал Иран, тоа било кршење на меѓународното право, тоа било забегано, сурово, неправедно итн итн… Додека во исто време се пењават со години дека Руската инвазија на Украина е оправдана и Зеленски треба да крене бело знаменце и да капитулира?!?!
Па која е ова човече шизофренија?! И не само што се фатени во офсајд и напаѓаат иста работа која во исто време ја бранат, туку и одат дури и еден чекор понатаму затоа што тие работи само навидум се исти но не се… Украина никогаш не се заканувала дека ќе прави нуклеарки и ќе ја уништува Русија, но Иран тоа го збори веќе 45 години откако радикалните исламисти дојдоа на власт со револуција во Иран. Исто така, Украина не финансира терористички организации кои масакрираат низ Русија, но Иран тоа го прави веќе со децении, значи Хамас, Хезболах и Хутите се нивна испостава и тоа Иран не го ни крие…
Нема ништо посмешно и поглупо од Русофил, но руската пропаганда се клади на една многу битна работа а тоа е човечката простоќа а тоа богами го има на претек во светот па и кај нас, затоа Путин има толку многу фанови и види чудо истите тие во исто време зе и анти ваксери и рамно земјаши, значи таа е таа народна маса без грам школо и брз грам мозочна маса…