Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека Русија за три месеци произведува онолку муниција колку што НАТО успева да произведе за една година, иако таа е економски дваесетпати поголема од Русија.
Русија се префрли на воена економија. Уште не сме го сториле тоа. Треба да го забрзаме производството и да ја намалиме бирократијата, рече Руте на Минхенската безбедносна конференција, нагласувајќи ја потребата од побрзо прилагодување на одбранбените капацитети на НАТО.