Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги плаши земјите од НАТО со изјавата дека доколку не ги зголемат воените трошоци на пет отсто од БДП, ќе мора да учат руски. „Ако не ги зголемите трошењата за милитаризација на 5 отсто, од кои 3,5 отсто се за одбраната, тогаш ќе имате здравствен систем… пензиски систем, но тогаш подобро е да научите руски. Ова се последиците“, рече Руте на конференција во Лондон, според британскиот весник Телеграф.
Во последните месеци, Руте во своите изјави постојано укажуваше на таканаречените закани од Русија и Кина, повикувајќи ги земјите од алијансата неколкукратно да ги зголемат трошоците за милитаризација на сметка на социјалните трошоци. Претходно во јуни Руте предложи зголемување на трошоците за одбрана од сегашните 2 на 3,5 отсто од БДП и трошење дополнителни 1,5 отсто од БДП за развој на инфраструктурата, воената индустрија и други инвестиции поврзани со безбедноста. Во последните години, Русија забележа невидена активност на НАТО на нејзините западни граници. Алијансата ги проширува своите иницијативи и го нарекува „зауздување на руската агресија“. Властите во Москва постојано изразија загриженост за трупањето сили на блокот во Европа. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека властите во Москва остануваат отворени за дијалог со НАТО, но на рамноправна основа, додека Западот мора да го напушти својот курс кон милитаризација на континентот.