– Тоа не е традиционално соопштение какво што би го виделе во ОН или НАТО во минатото, каде би имале 60 страници и 90 параграфи, кои во основа зборуваат за светот од раѓањето на Исус до денес и за се помеѓу тоа. Мислам дека тоа е глупаво, изјави Руте во одговор на новинарско прашање какво значење има за Западниот Балкан тоа што првпат по долго време не е споменат во Завршна декларација од еден Самит на Алијансата.
Руте нагласи дека НАТО останува посветен на Западниот Балкан преку својот ангажман во рамките на Меѓународните сили во Косово (КФОР) и во силите во Босна и Херцеговина – АЛТЕА, како и дека тој лично го посетил регионот каде се сретнал со косовските и босанските лидери, а имал и вечера со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел.
– Значи ние сме инволвирани во регионот. Секако инволвирана е и ЕУ, со која тесно се координираме… Се е исто, ништо не е променето, туку само (во Декларацијата) навистина се фокусиравме на три основни прашања во пет параграфи, додаде Руте.