Намалувањето на контингентот на НАТО трупите во Источна Европа ќе биде од корист за безбедноста на целиот континент, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Би сакал да ве потсетам дека предлозите што ги испративме до Вашингтон и Брисел во декември 2021 година го вклучуваа императивот на правни, правно обврзувачки и долгорочни гаранции за неширење на Северноатлантската алијанса на исток, како и барања за нераспоредување ударно оружје во близина на руските граници“, рече Рјабков во интервју за ТАСС. Тој додаде дека ставот на Русија за ова прашање останува непроменет. Во секој случај, намалувањето на контингентот на НАТО во Источна Европа веројатно ќе биде од корист за безбедноста на целиот континент“, нагласи рускиот дипломат. Рјабков, одговарајќи на прашање за можното повлекување на 10.000 војници од Источна Европа од страна на Пентагон, истакна дека „времето ќе покаже за што на крајот ќе се договорат САД и ЕУ“.