Претставникот на Соединетите Американски Држави во Советот за безбедност на Обединетите нации, Џон Кели, изјави дека предлогот на земјата за прекин на огнот во Украина е „најдобриот можен исход за Русија“ и дека рускиот претседател Владимир Путин треба да го прифати договорот, објави денес Ројтерс.
„Сакаме да соработуваме со Русија, вклучително и за оваа мировна иницијатива и економски пакет. Нема воено решение за овој конфликт. Договорот што се нуди сега е најдобриот можен исход за Русија. Претседателот Путин треба да го прифати договорот“, рече Кели, вршителот на должноста заменик-амбасадор на САД, зборувајќи во Советот за безбедност.
Кели истакна дека првиот чекор на САД бил да презентира предлог за итно, безусловно и сеопфатно прекин на огнот, што Украина го прифатила, во исчекување на согласноста на Русија.