Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Мексико да истражи и гони политичари за кои постои сомневање дека се поврзани со организиран криминал, т.е. нарко-картели, и да ги екстрадира во Соединетите Држави доколку се докажат такви врски, објави Ројтерс, повикувајќи се на добро информирани извори.
Четири извори изјавија дека вакви барања упатил американскиот државен секретар Марко Рубио најмалку три пати на билатерални состаноци со мексикански претставници во обид да изврши притисок врз мексиканската влада да истражи сегашни мексикански претставници и да започне голема акција против корупцијата од страна на нарко-картелите. Два извори истакнуваат дека американските претставници побарале истраги за неколку политичари од партијата Морено на мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум и се заканиле дека ќе воведат дополнителни тарифи доколку Мексико не го стори тоа.