Кинеските и американските преговарачи постигнаа прелиминарен трговски договор, изјави кинескиот заменик-министер за трговија Ли Ченганг по дводневните разговори.
„Двете страни, во принцип, постигнаа рамка за спроведување на консензусот постигнат од претседателите на двете земји за време на телефонскиот разговор на 5 јуни, како и договорот од состанокот во Женева“, изјави Ли пред новинарите, пренесе Ројтерс. Министерот за трговија на САД, Хауард Лутник, изјави дека постигнатата рамка и план за имплементација би можеле да доведат до укинување на ограничувањата за ретките елементи и магнезиумот – клучни суровини во високата технологија.