Американскиот Стејт департмент нуди до 10 милиони долари за информации за активностите на либанскиот Хезболах во Латинска Америка. „Доколку имате информации за шверц, перење пари или други механизми за финансирање на Хезболах во триграничната зона, ве молиме контактирајте нè. Можеби имате право на награда“, соопшти Стејт департментот.
Триграничната зона се однесува на границата меѓу Парагвај, Аргентина и Бразил, каде што, според Стејт департментот, Хезболах генерира приход преку „перење пари, трговија со дрога, фалсификување американски долари, нелегална трговија со дијаманти, шверц на готовина, јаглен, цигари и нафта“.