САД го прекинаа споделувањето на разузнавачки информации со Украина, изјави шефот на ЦИА, Џон Ретклиф, потег кој би можел сериозно да ги наруши способностите на украинската војска.
„Мислам дека ќе работиме рамо до рамо со Украина за да ја потиснеме агресијата, но и да ги почнеме мировните разговори“, изјави Ретлиф. Три извори запознати со ситуацијата потврдиле дека запрело споделувањето разузнавачки информации. Еден извор изјави дека споделувањето е прекинато само делумно. Од почетокот на војната во 2022, САД ја снабдуваа Украина не само со воена опрема, туку и со значајно разузнавање, вклучувајќи критични информации за гаѓање руски воени цели и за предвидување следни потези на руската војска.
Ова доаѓа ден откако САД ја паузираа целата воена помош за Украина, но советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц изрази надеж дека наскоро ќе се потпише договорот за ретки минерали.