Соединетите Американски Држави воведоа санкции против меѓународна мрежа што овозможува извоз на милиони барели иранска сурова нафта во Кина вредна неколку милијарди долари, објави денеска Стејт департментот. -Средствата од продажбата одат во корист на Генералштабот на вооружените сили на Иран и неговата параван-компанија Сепехр Енерџи Џахан Нама. Приходите, според Вашингтон, се користеле за развој на балистички ракети, беспилотни летала, нуклеарна програма и финансирање терористички организации, вклучително и Хутите, кои вршат напади врз бродови во Црвеното Море. американската морнарица и Израел-изјави портпаролката Тами Брус.
Таа додаде дека Стејт департментот ќе продолжи да презема дејствија со кои ќе се спречи пристап на иранската влада до ресурси што ги помагаат нејзините дестабилизирачки активности. САД истакнаа дека ќе продолжат да ги користат сите расположливи алатки за да го држат режимот одговорен сè додека Техеран користи нелегалните приходи за напади врз американски и сојузнички цели и за поддршка на тероризмот ширум светот.