Според планот, неколку министерства се мобилизираат зад повеќегодишната желба на Трамп да го добие Гренланд, чија економска и стратешка вредност се зголеми со порастот на температурите што го топат арктичкиот мраз. Долгорочната цел на американскиот претседател Доналд Трамп Америка да го добие Гренланд премина од реторика во официјална американска политика, а Белата куќа разви официјален план да го добие тој арктички остров од Данска, пишува денеска Њујорк Тајмс. Според планот на Трамп, пишува американскиот весник, САД треба да дојдат до анексијата на Гренланд повеќе со „убедување“, а не „со инвазија“.
Администрацијата на САД ја исклучува можноста за воено преземање на островите, но зборува за користење на „мека моќ“, изјавија за Њујорк Тајмс информирани извори. Според еден од нив, Вашингтон ќе започне медиумска кампања за да ги убеди 57.000 жители на островот да побараат од САД да го анектира Гренланд. Соговорникот на весникот вели дека рекламирањето на социјалните мрежи може да се искористи за да се влијае на јавното мислење. Советот за национална безбедност на Белата куќа подготви конкретни упатства за различните агенции за тоа што треба да направат за да го унапредат целокупниот план за анексијата на Гренланд. Потоа, претставниците на американските власти би почнале да кажуваат дека Данска, која е сопственик на островот, не се грижи доволно за неговите жители.
Американските власти, исто така, тврдат дека само САД можат да го заштитат Гренланд од инвазијата на Русија и Кина. Можно е администрацијата на Трамп да ветува по околу 10.000 долари годишно на секој жител на островот, што, како што се претпоставува, би ја заменило вкупната субвенција од 600 милиони долари што Данска годишно му ја дава на Гренланд. Според Њујорк тајмс, некои функционери во администрацијата на Трамп веруваат дека овие трошоци може да се надоместат со приходите од екстракција на природните ресурси на островот, кои вклучуваат минерали од ретки земји, бакар, злато, ураниум и нафта.
Според планот, неколку министерства се мобилизираат зад повеќегодишната желба на Трамп да го добие Гренланд, чија економска и стратешка вредност се зголеми со порастот на температурите што го топат арктичкиот мраз. Големината на Гренланд од повеќе од два милиони квадратни километри, исто така, му нуди на Трамп, кој претходно градеше на Менхетен, шанса да го постигне она што тој го гледа како еден од најголемите зделки за недвижнини во историјата. Данските власти гневно инсистираат на тоа дека ретко населениот остров не е на продажба и не може да биде припоен, но Трамп јасно ја изрази својата решеност да го стави под своја контрола.
– Гренланд ни треба за националната безбедност, па дури и меѓународната безбедност, и работиме со сите вклучени да го добиеме – рече Трамп во обраќањето пред Конгресот минатиот месец, додавајќи: „Ќе го добиеме на еден или друг начин“. Кон крајот на март, американскиот претседател рече дека е голема веројатноста дека анексијата на полуостровот ќе се случи без употреба на воена сила.