Меѓународен саем за автомобили, 56-ти по ред и 17-ти Саем на мотори, квадри и скутери, ќе трае до 26 март на Белградскиот саем. Помеѓу 257-те излагачи од светот на автомобилската индустрија, се наоѓаат речиси сите светски познати брендови, кои за првпат презентираат 80 модели на автомобили и 72 нови модели на мотори, објави РТС. Најголемо внимание на посетителите привлекува „Фиат панда“, првиот електричен автомобил произведен во Србија, додека во хала 2 се претставени 20 производители од Кина. Игор Шево, комерцијален директор на „Кророуд Адриа“, наведува дека првите реакции се одлични бидејќи „Фиат панда“ е нов симбол на српската автомобилска индустрија. „Но, тоа не е само електричен автомобил, во блиска иднина, од април, ќе понудиме и верзија со хибриден мотор“, додава Шево.
Според најавите, покрај „пандата“, производството на „цитроен“ моделот Ц3 треба да започне и во Крагуевац. Упатените очекуваат дека цената ќе биде попристапна за пазарот, како да ќе придонесе за е-мобилност во Србија. „Ситроен“ се врати во Србија како што беше пред многу години и мислам дека навистина со големи чекори стигнуваме до овие околни земји, па верувам дека за неколку години Србија ќе биде сериозен конкурент на картата на Европа“, вели Зоран Буриќ, ПР и маркетинг менаџер. Набавката на електромобил е можна со субвенција од Министерството за екологија во износ од пет илјади евра. Просечната старост на еден автомобил во Србија е сè уште 17 години. Годинава излагаат дури 105 марки заедно со 180 врвни модели. Најевтин автомобил на Саемот е Дачија Сандеро – 15.000 евра, додека најскап е Maсерати ГТ2 Страдале кој чини 480.000 евра.