СДСМ го менува пристапот! СДСМ покажа слух за оправданиот револт на сите нас. Жената мора да биде ставена на прво место, родот тргнат!, напиша градоначалникот на Струмица на Фејсбук.
СДСМ го менува пристапот и се дистанцира од „родовите“ идеологии и таканаречената „woke“ култура, истакна градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов. Тој на социјалните мрежи сподели дека СДСМ и оваа година ќе организира марш по повод 8 март, Денот на жената. Костадинов ја прозва ВМРО-ДПМНЕ која неодамна донесе Закон за буџет во кој сеприсутна беше „родовата идеологија“ која е базирана на премисата дека разликите помеѓу мажот и жената се социјален конструкт, а тоа пак ја отвора вратата за транссексуалноста.
„СДСМ го менува пристапот! СДСМ покажа слух за оправданиот револт на сите нас. Жената мора да биде ставена на прво место, родот тргнат! Останува сега на оние кои хараа и жигосуваа луѓе, држеа прес конференции за тоа колку биле против родови идеологии, а денес допрецизираат закони во кои брутално ја афирмираат родовата идеологија која цел свет ја оттргнува. Срамота, за ВМРО-ДПМНЕ“, напиша градоначалникот на Струмица на Фејсбук.