Проблематичното прашање за испраќање војници на украинска територија во случај на прекин на огнот со Русија ќе биде во фокусот на денешниот самит. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели со цел да се воспостават безбедносни гаранции за Киев како дел од можниот иден мировен договор со Русија, што се обидуваат да го постигнат САД, предводени од Доналд Трамп.
Самитот, како што рече Макрон минатата недела, треба да овозможи „финализирање“ на работата на договорот за воена помош за Украина „на краток рок“, според „постојаниот и одржлив модел на украинската армија за спречување на руските инвазии“ во иднина и за „безбедносните гаранции што можат да ги донесат европските армии“, вклучително и копнено распоредување на украинска територија. Проблематичното прашање за испраќање војници на украинска територија во случај на прекин на огнот со Русија ќе биде во фокусот на денешниот самит. Како што соопштија од француското претседателство, целта на состанокот ќе биде да се извлечат „оперативни заклучоци“, а агендата ќе се заснова на четири главни точки, од кои првата е натамошната воена поддршка на Украина и придонесите на секоја земја поединечно. Потоа ќе се разговара за модалитетите на „целосно примирје“, како и за подготовките за периодот што би следел по потенцијалното примирје. Извор: Новинска агенција МЕТА