Движењето Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, чии поддржувачи се дел од коалицијата во новата власт, вечерва на свечесност официјално ќе отвори канцеларија во Старата скопска чаршија. Според најавата, тоа е „важен чекор за зајакнување на присуството на ова движење во Македонија и го покажува растот на поддршката на партијата и во овој регион, каде што има значителен број симпатизери и активисти“.
Партијата на Курти преку нејзини членови е дел од власта во Македонија, со што е редок случај на партиско учество на странска партија во власт на една суверена држава. Членови на Самоопределување, преку албанските партии, се директори и оддруги раководни лица во владата на ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН.