Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил реагираше на ветувањето на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, дека ако дојде СДСМ на власт просечната плата ќе биде илјада евра.
„Само мали деца се лажат на вакви ветувања.
Полнолетните луѓе со деловна способност размислуваат со своја глава и рационално ги одмеруваат опциите од кои избираат.
Јас на пример би можела да ветам е дека би се борела за воведување правила, процедури и критериуми кои ќе важат за сите еднакво.
За намалување на функционерските привилегии, а зголемување на нивната одговорност.
За граѓанска држава во чиј центар е граѓанинот и неговите потреби“, напиша таа.