23.8 C
Скопје
19/05/2024 15:20
МАКТЕЛ

  

     

 

Само неуки политичари, новинари и интелектуалци бараат свет без влијанија и притисоци

      

Неразбирање на сопствената позиција во меѓународната политика
Само неуки политичари, новинари и интелектуалци бараат свет без влијанија разбрани како начин да се принуди некој да направи нешто што не би го направил освен под притисок. Таков свет без надворешни влијанија, без интереси, без моќ и сила, не постои. Може ли конечно да им влезе тоа во главата? Всушност, интересите, моќта и влијанието се суштината на меѓународната политика.
Пишува: Денко МАЛЕСКИ

   

Станувајќи од своите места, на крајот од заедничката прес-конференција во Собранието на Македонија, министерот за надворешни на Велика Британија, Даглас Херд, кој во својство на нов претседавач на ЕЗ, дојде на разговори во Скопје веднаш по Лисабонската декларација во 1991, ми вели:
„Па, тебе никој ништо не те праша, и додаде дека баш би сакал тоа нему да му се случи во неговата држава со неговите новинари“.

 

Се насмевнав и ништо не му одговорив. Како некому од странство да му објасниш дека никој во земјата не ги разбира маките на малите држави во светската политика, па уште и меѓународно непризната, кога е убеден дека сите држави се исти. Исти?Ако веќе треба да клоцнеш куче, погрижи се да е мало, е наша поговорка, ми вели министерот за надворешни на Естонија. На границите со еден колос, Русија, тој знае што зборува.

   

     

Кога, во една пригода, на почетокот од нашата независност, им се обратив на пратениците со зборовите дека мора да имаат предвид дека сме мала држава, алудирајќи на потребата да ги намалат очекувањата од мене како одговорен за надворешната политика, добив запрепастувачки одговор дека нема мали држави, туку само мали министри за надворешни работи.
Во тие години, немаше кој не се налути на мојата пракса вистинито да зборувам за положбата на нашата држава во меѓународните односи по насилното распаѓање на федерацијата и за компромисите што сме принудени да ги направиме.

Искуството ме научи дека луѓето бегаат од непријатната вистина и самите бараат да бидат лажени.
Зашто, кој министер не сака да дојава на бел коњ и на народот да му донесе и име, и знаме, и сѐ што ќе посака?
Најмногу признание и пофалби добив кога во едно соопштение ја обвинив ЕЗ за нешто, став кој секогаш го избегнував, упатувајќи ја основната критика врз нашето поведение.

ПРЕМАЛА ДА ИМА МИСЛЕЊЕ
Разбирајќи ја демократијата само како лута критика, а не и како лична одговорност на секој еден новинар на кој требаше да му дадам изјава по телефон по важна средба во Вашингтон, го немаше на своето место во закажаното време за разговор. Зошто?
Сабота било, па ми се јави техничарот, кој ми порача: Кажувај, снимам.

Или, она што словенечкиот министер за надворешни работи го кажа во одговор на прашањето: Каква е позицијата на Словенија за ирачката војна, не минува кај нас. Тој, имено, одговори дека Словенија е премала да има свое мислење.
Тоа незнаење за положбата на малите држави во светската политика, но и таа неконструктивност во дебатата продолжува и денес: ако сакаш лична промоција или да ѝ носиш поени на твојата партија, треба да лажеш.

Устата да ти е полна со зборовите како ние сме суверена држава, баш како секоја друга, дека сме рамноправни во сѐ, согласно меѓународното право, дека нема големи и мали, туку само еднакви итн.
Така зборуваа претставниците на сиромашните земји на Африка во ОН, кои никогаш во настапите не пропуштаа можност да истакнат дека се суверена земја, одново и одново.
Моќните држави, оние со реален суверенитет, никогаш не ги слушнав да кажат такво нешто.

Деновивe, на веста дека со доаѓањето на О Брајан, високиот претставник на американскиот Стејт департмент, повторно се огласуваат истите глупости. Америка ќе влијаела врз нашите избори, и тоа не е демократски. Никој не го разбира односот меѓу малите држави и големите сили.
Имено, дека се тоа два различни примери на поведение во меѓународната политика, две различни приказни во еден заеднички свет.
Убаво му кажал Хенри Кисинџер на нашиот амбасадор во Германија, Филипов, во кулоарите на Минхенската безбедносна конференција: Токму сега ја читам вашата книга: „Дипломатија“, му вели амбасадорот.

НЕМА СВЕТ БЕЗ ВЛИЈАНИЈА
Оставете ја тоа не е книга за вас, всушност може да биде и против вас, му одговорил Кисинџер, кој во спомнатата книга ја кажува приказната за односите меѓу големите сили, кои ја држат и ја уредуваат рамката на светската политика.Тоа го прават благодарение на својата моќ и своето влијание.
Само неуки политичари, новинари и интелектуалци бараат свет без влијанија, разбрани како начин да се принуди некој да направи нешто што не би го направил, освен под притисок.

Таков свет без надворешни влијанија, без интереси, без моќ и сила, не постои. Може ли конечно да им влезе тоа во главата? Всушност, интересите, моќта и влијанието се суштината на меѓународната политика.Не ви се допаѓа? Не ми се допаѓа ни мене, ама тоа е реалниот свет. Во тој реален свет живее нашата држава, па ако сака да преживее, своите политики мора да ги гради согласно тие факти на животот.

А, идеалниот свет, кој е производ на неразбирање и незнаење е просто речено лага, која одлично се вклопува во омилената политичка игра наречена лажење. Штетите се далекусежни и опасни зашто врз оваа ноторна лага се вградува во свеста кај гласачите да веруваат дека и малата држава може „да тресне со тупаница на преговарачката маса“ и да издејствува своја позиција.
Никакво трескање не ѝ помага. Зашто и за да удриш на маса, треба да имаш со што, тупаницата на преговарачот тука не помага, ако нема економска моќ, воена моќ, нема луѓе и ресурси зад неа…

Не случајно Теодор Рузвелт вака ја дефинирал американската надворешна политика: Носи голема суровица во раката и зборувај тивко.
За мала држава како Македонија, која има само дипломатија, но не и суровица (сила), пресудниот фактор во меѓународните односи, задачата на нејзината дипломатија не е да докаже колку сме во право, туку да придобие за остварување на својата главна цел: да опстане.

ВЕЧЕН МИР САМО ВО „БУТЕЛ“
Ако мислите дека и во иднина ќе можете да го користите безбедносниот чадор на Америка и предностите од трговијата со Кина, ве чека изненадување.
Ќе мора да се определите за Америка или за Кина, а бидејќи безбедноста е најважна, ќе се определите за Америка, вели Џон Мершајмер, истражувач на меѓународните односи, на едно неодамнешно предавање во Австралија.

Публиката, верзирана во меѓународните односи, не се буни бидејќи знае дека е така и учествува во една конструктивна дебата со аргументи.
Истото ова, Америка, меѓу другите работи, ѝ го вели на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Дека за безбедноста на Македонија мора да се плати цена: малата држава да внимава и на геополитичките интереси на оној под чиј безбедносен чадор стои.
Зашто и колку да не ни се допаѓа, во меѓународната политика, силните го прават она што можат, а слабите она што мораат.

Ние мораме да се вклопиме во приказната на големите сили зашто ако сакаме да сме искрени до крај, малите држави немаат ни што да бараат во светската политика, иако демократската реторика во последниве децении нѐ измами да поверуваме дека сите сме исти и дека правото со своите параграфи е посилно од меѓународната политика со нејзините интереси, моќ и влијанија.
Тоа го кажува и второто име на научната дисциплина меѓународни: Политика на сила ( Power politics). И зар војната на Русија против Украина не е потврда за сето кажано?
Инаку, од ова неразбирање на сопствената позиција како мала држава, произлегува омаловажувањето на успесите на државата, компромисите прогласени за предавства, но и главниот успех: живот во мир еве веќе 75 години.

Огромно достигнување за Македонија би рекол секој што знае нешто од меѓународната политика.
Кога го прашале поранешниот претседател на Чешка, некогашниот дисидент Вацлав Хавел, кое е неговото главно остварување во политиката, тој одговорил: Членството во НАТО, со што ѝ обезбедив барем 20 години мир на мојата земја. Пиххххх… Само 20?
Епа, како тргнал светот кон војна, можеби и овие генерации ќе ја научат вредноста на мирот, како и на фактот на животот дека секојдневно треба да се бориме за да го продолжиме времето на мир, таа никогаш до крај неизвојувана битка, зашто, во работите меѓу живи луѓе, вечен мир има само во „Бутел“.

    

Најново

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski
Вчитувам....