Веќе нема неограничени плаќања во трговијата без да внесете пин, бидејќи од почетокот на март банките ги заострија бесконтактните картични трансакции. Тоа значи дека ако четири или пет пати сте платиле сметка без да ви побараат пин, тоа ќе ве снајде на петтата или на шестата трансакција. Дел од банките на почетокот го ограничуваа бројот на бесконтактни трансакции само на две или три, но сега речиси сите се со усогласена процедура. Најголемиот дел од граѓаните сè уште не ја знаат оваа новина и се расправаат со трговците, кога на каса ќе им побараат да внесат пин.
Одлуката е во сила од јануари 2023 година, но била со одложена примена, за банките да имаат време да ги приспособат своите ПОС-терминали. Некои од банките на своите клиенти им испратиле известување на Вибер со детално објаснување како да ги користат картичките, бидејќи станува збор за подзаконски акт кој е донесен во согласност со новиот Закон за платежни услуги и платни системи. Од најголемите банки за „Слободен печат“ брифираат дека оваа промена е во корист на граѓаните, бидејќи многу се зачестени сајбер нападите и крадењето на податоците.
View this post on Instagram