18.8 C
Скопје
21/06/2025 22:50
МАКТЕЛ

   

САМО 60% ОД ДЕЦАТА ВО ЦЕНТАР, КАРПОШ И АЕРОДРОМ ПРИМИЛЕ МРП ВАКЦИНА Урбаните општини со опасно низок опфат на вакцинација

      

Сѐ уште се бориме со зголемување на опфатот со МРП вакцината. На овие простори имавме и епидемија од морбили. Еден јавен апел до родителите – ова е безбедна, квалитетна вакцина што секаде и во западноевропските земји и секаде во светот се користи и навистина е безбедна и заштитува – истакна национаналниот координатор за имунизација, Александра Грозданова.

Има голем интерес за деветвалентната ХПВ вакцина и кај момчињата, новина што беше воведена во 2024 година. Од друга страна, пак, незадоволителен е опфатот со МРП вакцината. Опфатот со оваа вакцина во скопските општини Аеродром, Карпош и Центар бил под 60-70%, што доведува во висок ризик од појава на епидемија со морбили. Овие информации денеска ги сподели национаналниот координатор за имунизација на Република Северна Македонија, Александра Грозданова, на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Скопје.

– Ниеден родител не треба да се соочи со болест како што се пертусис и морбили, болести што на оваа територија кај нас ги имавме последните неколку години, токму поради намалување на опфатот за овие 2 вакцини – подвлече Грозданова во изјава за медиумите.

Голем интерес за деветвалентната ХПВ вакцина кај момчињата

   

Таа рече дека има голем интерес за деветвалентната ХПВ вакцина и кај момчињата, новина што воведена во 2024 година.

– Од друга страна, пак, сѐ уште се бориме со зголемување на опфатот со МРП вакцината. На овие простори имавме и епидемија од морбили. Еден јавен апел до родителите – ова е безбедна, квалитетна вакцина што секаде и во западноевропските земји и секаде во светот се користи и навистина е безбедна и заштитува – истакна Грозданова. Таа апелираше родители да се советуваат со здравствени работници, педијатри и со семејни доктори, во однос на заштитата што оваа вакцина ја обезбедува.

Центар, Карпош и Аеродром се проблематични за МРП вакцината

– Имаме неколку скопски општини, најурбаните – Центар, Карпош и Аеродром – каде што опфатот со оваа вакцина навистина ни е многу низок, под 60-70%, тоа што е важно да се знае и тоа нѐ доведува во висок ризик од повторна појава на епидемија со морбили. Имаме општини во внатрешноста, па и некои скопски, каде што имаме и над 90% со истата вакцина. Што значи дека родителите генерално имаат доверба во вакцинацијата, во системот, но, најверојатно, влијанието на социјалните мрежи, на неточните информации, на дезинформациите, доведува до тоа голем дел од родителите да бидат во заблуда – одговори таа на новинарско прашање. Претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Лесли Милер, рече дека вакцините се еден од најголемите успеси на човештвото.

– Тие се најбезбеден и најефикасен инструмент што го имаме за да ги заштитиме нашите деца од болести што можат да го загрозат животот. Благодарение на децении напорна работа, милиони деца денес се поздрави, учат подобро во училиште и стануваат успешни членови на своите заедници. За да ги заштитиме сите наши деца, вклучително и новороденчињата и оние кои не можат да бидат вакцинирани, мора да одржуваме стапки на имунизација над 90-95%. Колективниот имунитет не е само слоган, тоа е штит што го градиме заедно, рече Милер.

Помала покриеност со МРП вакцина

Таа истакна дека вакцината МРП (морбили, заушки и рубеола) е една од најважните за децата бидејќи морбилите се еден од најзаразните вируси во светот – предизвикуваат тешки болести, компликации, па дури и смрт.

– Во Северна Македонија сѐ уште сме далеку од колективен имунитет, со национална покриеност со МРП вакцина од само 72,7% во 2024 година што претставува пад во споредба со 73,4% во 2023 година – рече Милер. Таа додаде дека родителите се клучните носители на одлуки за вакцинирање на своите деца.

– УНИЦЕФ и Министерството за здравство работат во партнерство за да обезбедат сигурни и проверени информации што ќе им помогнат на родителите да ги разберат придобивките од вакцинацијата – рече Милер.

Само половина од 14-годишните девојчиња се сосем имунизирани со ХПВ вакцина

Уште една причина за загриженост, како што нагласи Милер, е ниската покриеност со ХПВ (хуман папилома вирус) вакцинација. Само половина од 14-годишните девојчиња во Северна Македонија биле целосно вакцинирани.

– Всушност и девојчињата и момчињата треба да се вакцинираат бидејќи постојат силни научни докази дека ХПВ вакцината може да спречи до 90% од случаите на рак на грлото на матката. 50% покриеност едноставно не е доволно. Оваа вакцина е безбедна. Таа е ефективна. И може да спаси уште повеќе животи не само со заштита на вакцинираните, туку и со создавање колективен имунитет што ги штити и другите – истакна Милер. Претставникот на Светската здравствена организација и шеф на Канцеларијата во Северна Македонија, Аким Али, рече дека СЗО во соработка со УНИЦЕФ го поддржува Министерството за здравство за да обезбеди вакцини за сите возрасни и за сите деца со цел да се спасат животи.

– Ова не е време за повлекување. Знаеме дека по епидемијата со Ковид имаше одредени прашања околу вакцинацијата, меѓутоа, ова се базира на докази. Вакцинацијата спасува животи – истакна Али.

Министерството обезбедило 385 милиони денари за вакцинирање оваа година

Министерот за здравство Арбен Таравари, рече дека мотото оваа година е „Имунизација – придобивка за сите“. Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во 2024 година имало покачување на процентот на вакцинирани луѓе во однос на трите претходни години.

– Како Министерство за здравство, повторно успеавме оваа година да обезбедиме 385 милиони денари за вакцинирање и ќе се обидеме оваа година повторно да сензибилизираме граѓани за да се вакцинираат што повеќе. Затоа со помош на СЗО веќе се обезбедени во 18 општини, 35 тимови за вакцини, коишто одат врата до врата да им кажат на луѓето колку е важна вакцинацијата. Апелирам до сите да се вакцинираат што повеќе, на таков начин обезбедуваме посигурна иднина за нас, за нашите деца и за целото општество генерално. Што повеќе се вакцинираме, толку помалку болести има шанси да имаме во иднина – додаде Таравари. Директорот на Здравствен дом – Скопје, Самир Исени, информираше за предвидените активности наредниот период.

– Во врска со Неделата на имунизацијата, Здравствен дом – Скопје ќе организира активности за теренска вакцинација на деца кои се испуштени од разни причини во 39 населени места во сите градски и приградски општини на Скопје и околината, во периодот од денеска до 9 мај – соопшти Исени. Родители ќе биле контактирани за да доаѓаат во вакциналните пунктови поради испуштените вакцини. Централниот настан по повод Недела на имунизација, планирано е да се одржи в сабота, а Исени најави тимови да даваат совети и флаери во врска со имунизацијата.

   

Најново

Израел тврди дека убил тројца команданти на иранската Револуционерна гарда

Sase Ivanovski

Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

Sase Ivanovski

Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

Sase Ivanovski

Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

Sase Ivanovski

Шеста Парада на гордоста во Скопје со јасен фокус на заедништвото, отпорот и борбата

Sase Ivanovski

Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници

Sase Ivanovski

Работна посета на Заменик министерот Исени на СВР Битола

Sase Ivanovski

Дебата „Кажи си ја маката“ во Тетово – треба посилен граѓански притисок врз партиите

Sase Ivanovski

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

Sase Ivanovski

Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада

Sase Ivanovski

Глобалната потрошувачка на пиво се намалува

Sase Ivanovski

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи на подрачје на СВР Штип затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

Sase Ivanovski

Интернет конекциите во Иран се очекува да бидат обновени во 20 часот по локално време, пренесуваат медиумите

Sase Ivanovski

Ирански хакери ѝ се закануваат на Албанија: Иран има право со ракети да го нападне кампот на муџахедините кај Драч

Sase Ivanovski

Ирански официјален претставник: Европските предлози презентирани на состанокот во Женева се нереални

Sase Ivanovski

Од една до 10 години затвор му се закануваат на пријателот на Палчо, осомничен дека го сокрил пиштолот со кој биле убиени Вања и Панче

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Судиите и обвинителите се сè уште тие што СДС ги избра, доколку има нешто против законски за Христовски први ќе го повикаат за разговор

Sase Ivanovski

Иран поднесе жалба против шефот на МААЕ: Гроси ја загрози неутралноста и кредибилитетот на агенцијата

Sase Ivanovski

Бил Клинтон: Нетанјаху одамна сака војна со Иран за да може остане на власт засекогаш

Sase Ivanovski

Макрон: Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Топ 5 намирници за кои мислевме дека се нездрави – но науката вели поинаку

Sase Ivanovski

Момче на 14 години избодено до смрт во Велика Британија: „Постојано велеше дека не сака да умре“

Sase Ivanovski

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот

Sase Ivanovski

ОВА НЕ Е ШВАЈЦАРИЈА, ТУКУ ПИРАВА, ВАЛАНДОВО

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Направени се десетици лажни профили со украден идентитет на сите социјални мрежи и од нив системски се испраќаат пораки кон вас.

Sase Ivanovski

Ирански хакери ја нападнаа официјалната веб-страница на општина Тирана

Sase Ivanovski

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана – 2 милијарди евра!

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

Sase Ivanovski

НИШТО ОД НОВ ВЛАДИН АВИОН: Новиот буџет не дозволува набавка на ново летало

Sase Ivanovski

НЕМА ВЕЌЕ РАЗВОЗУВАЊЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Од септември сите службени возила ќе добијат таблици во боја

Sase Ivanovski

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

Sase Ivanovski

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

Sase Ivanovski

ФОКУС: Милијардите како заразна „болест“ кај политичарите: Од времето на Циле, па до сега – ветени 23 милијарди евра, реализирани 0  

Sase Ivanovski

ПРЕСВРТ | Од Преспа преку Кочани до избори, како СДСМ ќе се бори за доверба кај гласачите

Sase Ivanovski

Новото раководство на кошаркарската федерација размислува за промена на името

Sase Ivanovski

МУ ЈА ДАЛ КОЛАТА, А ЗНАЕЛ ДЕКА НЕМА ПОЛОЖЕНО Двајца осомничени за трагичната несреќа во Охрид

Sase Ivanovski

Иран: Разговорите во Женева беа сериозни, подготвени сме да продолжиме

Sase Ivanovski

ОД ВЕЧЕРВА ЌЕ ВОЗИМЕ ПО ДЕЛНИЦАТА ПОДМОЉЕ-ОХРИД Еве како изгледа реконструираниот автопат

Sase Ivanovski

ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД ОХРИД Паѓаше град со големина на орев

Sase Ivanovski

ВО ТЕК СЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ВО НЕКОИ ОПШТИНИ Движењето ЗНАМ ја почна процедурата за кандидати за советници и за градоначалници

Sase Ivanovski

Земјотрес во Албанија, почувствуван e и во Македонија

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сплитските пожарникари објавија драматични снимки од пожарите

Sase Ivanovski

Папата Лав 14-ти повикува на донесување етичка рамка за вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Иран: Повеќе од 400 луѓе се убиени од почетокот на војната со Израел

Sase Ivanovski

Советот на Европа бара од Хрватска поголема заштита на мигрантите

Sase Ivanovski

Стручната комисија на министерот за здравство, не најде пропуст за смртта на детето од Кавадарци

Sase Ivanovski

Нутриционистите предлагаат 5 навики кои го олеснуваат внесувањето доволно течности во летниот период

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

МАЛКУ ПРЕТЕРАЛА: АВСТРАЛИЈКА СО ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ ГИ ОТРУЛА РОДИТЕЛИТЕ НА СОПРУГОТ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Пред било кој прес да го направат за РЕК Битола, нека кажат каде е Васко Ковачевски кој е во бегство поради криминалите во РЕК

Sase Ivanovski

ЕКСКЛУЗИВНО: Помагачот на Палчо кој се сомничи дека го уништил ранецот со пиштол и мотороли бил вработен во Народна Банка како портир, бил проблематичен вработен со многу дисциплински постаки и пред отказ

Sase Ivanovski

УНИШТУВАЧОТ НА СИНИОТ РАНЕЦ НА ПАЛЧО ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ Зоран Давитков ќе треба редовно да се јавува во Судот

Sase Ivanovski

Приведена бегалка од затвор, вратена е во надлежната установа за доиздржување на казната

Sase Ivanovski

АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

Sase Ivanovski

Претреси на две локации, откако Велибор Манев кажа дека вработен во Народна Банка по налог на Палевски го фрлил пиштолот

Sase Ivanovski

Важни информации за учениците што се запишуваат во средно училиште пристигнаа од МОН

Sase Ivanovski

Се бара притвор за скопјанецот што пијан со чадор ја удираше сопругата до онесвестување

Sase Ivanovski

Вечерва се пушта за сообраќај делницата Подмоље-Охрид

Sase Ivanovski

Ахмети ги поделил општините со Села и Таравари, се очекува договор за соработка?

Sase Ivanovski

И ХИТЛЕР ВАКА ЗБОРУВАШЕ НА ВРЕМЕТО Путин: Цела Украина е наша

Sase Ivanovski

Меџити за Ахмети и Таравари: Не се здружија за Албанците, туку за „Лотарија“ и „Соравиа“

Sase Ivanovski

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: ДУИ со зборови албански, со дела против албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Генерал-полковник Замир: Израелците треба да се подготват за „продолжена кампања“ против Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачки пред претседателите на Собранијата на земјите членки на НАТО: Македонија е доверлив и одговорен сојузник

Sase Ivanovski

Милевски: Преку дигитализацијата градиме модерна држава со транспарентни институции и достапни електронски услуги за сите граѓани  

Sase Ivanovski

Хајрулахи:Единствена причина за хајката против мене се бонусите на СЈО

Sase Ivanovski

ФЕИТ промовираше 180 дипломирани инженери и 40 магистри

Sase Ivanovski

Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ во Подгорица: Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ

Sase Ivanovski

СДСМ: РЕК Битола е во колапс. Фирма на молер со кривична историја во Германија го „чисти“ комбинатот

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири, бараме нова истрага од Обвинителството

Sase Ivanovski

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ФОКУС РЕПОРТАЖА ОД ВАРШАВА: Најуспешна приказна на ЕУ активно се спрема за војна со Русија, храната и е најслаба страна

Sase Ivanovski

Историска средба меѓу Пашинјан и Ердоган за нормализација на односите меѓу Ерменија и Турција

Sase Ivanovski

Нов бран израелски напади во Иран

Sase Ivanovski

Руската војска за еден ден собори 97 украински дронови

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ: Добро утро од Фармата на Тони🌞🌞

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ Е КОГА ОВА ЌЕ ЗАВРШИ ТРАГИЧНО: МЕЧКА КОПА ВО КОНТЕЈНЕР ВО СЕЛО ТРЕБИШТЕ ОПШТИНА МАВРОВО

Sase Ivanovski
Вчитувам....