Во синоќешното емитување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник’’ гостуваше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Градоначалникот говореше за тоа што наследил кога ја презел општината, но и за реализацијата.
„Се соочивме со КОВИД кризата, немавме многу туристи во тој период, а општината е таква да зависи од туризам. Во поглед на долговите, наследивме околу 84,5 милиони денари, што за нас како мала општина и не е баш мала сумата. Во таква ситуацијата, јас и мојот тим, моравме да се соочиме со предизвиците и да успееме да ги менаџираме кризите. Од денешен аспект сум горд дека Гевгелија е во добра финансиска состојба, во 2024 година имавме рекордна најдобра реализација, 107% на приходната страна и 99% на расходната страна’’, изјави Сарамандов. Градоначалникот најави и нови проекти кои ќе бидат значајни за жителите на Гевгелија и за нови работни места.
„Во тек е реализација на 2 инвестиции во вид на трговски центри, едниот на површина од 7000м2, на потегот до граничниот премин Богородица и другиот на влезот во градот Гевгелија на површина од 20000м2, се надевам ако се продолжи со ваквата реализација, овие два центри ќе профункционираат и ќе имаме нови 400 вработувања’’, најави Сарамандов. Тој ја поздрави и одлуката на Владата за финансиска поддршка на општините, за која посочи дека е европски пример. Сарамандов истакна и дека Гевгелија има аплицирано со 2 проекти во првиот, а со 9 проекти во вториот повик од Владата.
„Европски пример за добра соработка помеѓу Владата и општините. Следствено на тоа, ќе има бенефит од повеќе аспекти и реализацијата на овие проекти. Како награда годинава сме град на културата за 2025 година. Има 3 аспекти на реализација на проектите од Владата, прво ќе се зајакнат капацитетите на локалната самоуправа, втора работа од големо значење е за помалите општини како нашата, оваа поддршка од Владата и трета работа, реализацијата на овие проекти ќе донесе за зголемена стопанска активност, а со тоа ќе се придонесе за нови вработувања’’, потенцираше Сарамандов. Сарамандов ги истакна и дел од проектите кои ги има изработено за време на неговиот мандат како градоначалник.
„Направивме нов парк од 6 илјади метри квадратни, со што добивме прв парк од ваков тип. Реконструирана е спортската сала ДТВ Партизан, изградивме и атлетска патека на барање на нашите сограѓани, изградивме и нова детска градинка, реконструирани се и 3 младински домови, субвенционираме средства за купување на велосипеди, обезбедивме и 2 возила за противпожарната служба, а со помош на Владата ќе ја реставрираме и старата чаршија’’, заврши Сарамандов.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ