Саша Дончиќ, таткото на Лука Дончиќ смета дека неговиот син е далеку од нивото со кое некогаш играше легендарниот Дражен Петровиќ. Иако Дончиќ со 26 години е еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Саша смета дека ќе мора да помине многу време за Лука да може да се споредува со славниот хрватски кошаркар.
„Дражен, сепак е Дражен. Тој е легенда, Лука е далеку од него, но мислам дека е на добар пат. Не би ги споредувал, секој во своето време е помѓу најдобрите. Мене ми е мило што некој од Европа покажува дека кај нас и сега се игра добра кошарка“, изјави таткото на словенечкиот кошаркар за „ХРТ“.
Дончиќ како е што е познато во голема размена на Далас и Лејкерс заврши во Лос Анџелес каде што во тандем со Леброн му оди одлично и носат победи на својот тим.