Левица вечерва соопшти дека по започнатите подготовки за претстојните локални избори што ќе се одржат наесен, го конституирала Републичкиот изборен штаб (РИШ). „За шеф на Штабот е именуван пратеникот и член на највисокото раководство на Левица, м-р Сашко Јанчев“, соопшти партијата. Од Левица велат дека во изборната трка влегуваат „со јасна цел: пресметка со локалните рекет, тендер и урбани мафии, за кои се зацврстени во управувањето со голем број општини под водство на партиите од власта и опозицијата“.
„Таму каде што големите партии имаат градоначалници и мнозинства во советите, тендер и рекет-системот, зачинет со урбан хаос, комотно си функционира“, се наведува во соопштението на партијата.