Како директор на ФЗОМ се воздржувам да коментирам политика надвор од здравство, но ќе биде неправда ако не го искажам овој став. Се бара морална и политичка одговорност од Панче Тошковски, како министер за внатрешни работи, за трагедијата во Кочани. За моралната одговорност многу размислував. Како човек кој ја очекувал моралната одговорност по примерот на Антони Пешев, за авионските несреќи, или пак на Венко Филипче, за модуларната болница, не сакам да бидам лицемер и иста таква одговорност да не очекувам од „моите“. Не можев да најдам причини за таква одговорност кај Панче Тошковски, бидејќи тоа е делокруг на друго министерство и други институции. Ако се бара морална одговорност таа е на друго место, а не кај Панче Тошковски.
За политичката одговорност, истрагата за трагедијата во Кочани ја води Јавното обвинителство и доколку има евентуални пропусти, одговорноста е во јавнто обвинителство. Но за јавното обвинителство нема барање за политичка одговорност. Секако доколку и таму ја има, во контекст кога две третини од граѓаните мислат дека постапката се води правилно. За мене многу значи што Панче Тошковски, иако не е морално и политички одговорен ги прими родителите од Кочани и се соочи со нивната болка, тага и гнев. Доколку Панче Тошковски не е адресата на која треба да се бара морална и политика одговорност, посебно од тие кои не покажале никакава одговорност во минатато, а се бара, тогаш причините треба да се бараат на друго место. Панче Тошковски е мета на барање на одговорност бидејќи е симболот на ова Влада на нејзината чесност и интегритет и борбата против корупција и криминал! Затоа ги поддржувам Панче Тошковски!