Светските милијардери се побогати од кога било досега, покажува годишната листа на магазинот Форбс на најбогати луѓе во светот. Никогаш немало повеќе милијардери во светот до сега. Ова е 39-то издание на оваа листа, а оваа година има рекордни 3.028 милијардери – најмногу откако Форбс ја објавува листата. Чејс Петерсон-Виторн, уредник во Форбс, вели дека вкупното богатство на листата се зголемило за дополнителни 2 милијарди долари во споредба со минатата година. Вкупниот имот на милијардерите сега се проценува на 16,1 трилиони долари.
„Одлично време е да се биде милијардер“, рече Петерсон-Виторн.
Како Форбс ја составува оваа листа?
Петерсон-Виторн вели дека на листата работат повеќе од 100 новинари ширум светот, кои анализираат сè, од акциите на јавните компании до проценките на приватните компании, готовината, инвестициите и како милијардерите ги трошат своите пари во слободното време.
„Ние анализираме сè, од уметност, јахти, колекции на автомобили, до колекции на фосили од диносауруси и кој знае што друго поседуваат милијардерите“, вели тој. „На крајот на денот, тоа е збирот на вредноста на нивната вкупна актива, минус нивните долгови.
Некои милијардери избираат да соработуваат со Форбс и да споделуваат информации за нивниот имот, но за оние кои не го прават тоа, новинарите користат државни регистри, судски документи, офшор регистри, како и информации од различни протекувања. Тие разговараат со самите милијардери, со нивните соработници и конкуренти за да добијат одговори на прашања кои „многу милијардери попрво не би ги слушнале“.
Кои се најбогатите на овогодинешната листа?
Најмногу милијардери имаат САД – 902, потоа Кина и Хонг Конг со 516, додека на трето место е Индија со 205 милијардери. Топ 9 најбогати луѓе по богатство и извор на имот се:
Илон Маск – 342 милијарди долари (Tesla и SpiceX)
Марк Цукерберг – 216 милијарди долари (Фејсбук/Мета)
Џеф Безос – 215 милијарди долари (Амазон)
Лари Елисон – 192 милијарди долари (Oracle)
Ворен Бафет – 154 милијарди долари (Беркшир Хатавеј)
Лери Пејџ – 144 милијарди долари (Google/Alphabet)
Сергеј Брин – 138 милијарди долари (Гугл/Алфабет)
Амансио Ортега – 124 милијарди долари (Индитек – Зара и други брендови)
Стив Балмер – 118 милијарди долари (Мајкрософт)
Петерсон-Виторн вели дека јавното мислење значително се променило, особено по движењето „Окупирај го Волстрит“ од 2011 година, кое следеше по Големата рецесија во 2008 година.