Светскиот ден на здравјето, што симболично го одбележуваме на Могилата на непобедените во Прилеп, е повод да се потсетиме на нашата највитална општествена гранка од која зависи благосостојбата на секој од нас.
Затоа, здравствените работници секогаш ќе бидат на врвот на моите приоритети и како колега и како пратеник кој ќе може уште повеќе да направи.
Добри услови за работа, европски плати и континуирана едукација се предуслов здравствените работници да ги задржиме дома. Секоја алка на системот, секој човек вработен во здравството се важни и затоа ќе продолжиме да инвестираме во нив.